Сите се чудат како дише: Првиот фудбалер кој одигра натпревар со маска на лицето! (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Фудбалерот на Олимпија од Тегусигалпе и долгогодишен напаѓач на репрезентацијата на Хондурас, Џери Бенгстон (33), секој натпревар го игра со заштитна маска после враќањето на фудбалот по паузата поради пандемијата.

Бенгстон исто така играл со маска на реваншот од 1/4 финалето во ЛШ на КОНКАКАФ против тимот на Монтреал, кој е предводен од легендарниот Тиери Анри. Гостите од Канада победилесо 1: 0, но Хондуранците поминаа понатаму поради подобриот резултат од првиот натпревар – одигран во март (1: 2).

Неговата одлука никому не му пречи, ниту на соиграчите, ниту на аргентинскиот тренер Педро Трољо.

– Малку е чудно затоа што тој е единствениот играч во тимот со маска, и единствениот во шампионатот. Не ми пречи, бидејќи тој постигнува голови и со маската – вели Трољо.

Медиумите и социјалните мрежи пишуваат дека Бенгстон носи маска за да го заштити своето семејство, но исто така се потсетува дека сите играчи се тестираат пред натпреварот и дека фактот дека се на терен е потврда дека не се носители на вирусот.

Слични содржини