Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ попладнево пристигна во резиденцијата на ЕУ во Пржино на средба со еврокомесарот Јоханес Хан и тројката европратеници Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан.

Груевски е придружуван од министрите за надворешни работи и за здравство, Никола Попоски и Никола Тодоров.

Во резиденцијата на ЕУ е и лидерот на СДСМ Зоран Заев, придружуван од Радима Шекеринска и Рената Трнеска Дескоска.

Еврокомесарот Хан претпладнето во ЕУ Инфо центарот се сретна и со претседателите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи.

Според првичната најава од Европската комисија, по поединечните средби со лидерите на четирите најголеми политички партии, треба да се одржи и заедничка лидерска средба.

За доцна попладне е најавена прес-конференција на која еврокомесарот Хан треба да ги соопшти резултатите од разговорите со партските лидери за надминување на политичката криза.

Основа за постигнување конечен договор, како што велат од ЕК, е договорената рамка од 2-ри јуни што предвидува итни реформи во неколку области и одржување на вонредни парламентарни избори најдоцна во април 2016 година.

 

Видео:А1он

Слични содржини