Сите тенисери на Австралија Опен треба да бидат вакцинирани – проблем за Ѓоковиќ!?

од Vladimir Zorba

Властите во австралиската држава Викторија, чиј главен град е Мелбурн, одлучија дека сите домашни спортисти кои се натпреваруваат во нивната област мора да добијат две дози од вакцината против коронавирус.

Одлуката се однесува само за спортисти кои се од Викторија, но постои голема можност да се воведе задолжителна вакцина за спортисти кои доаѓаат од странство. Тоа би создало вистинска бура на Австралија Опен, во која можат да учествуваат само вакцинирани тенисери, а неофицијалните информации велат дека најмалку четворица од ТОП 10 не се.

Засега не е познат статусот на Новак Ѓоковиќ, кој го искористи правото да ги чува тие информации за себе, но имаше резерви за вакцината од почетокот на пандемијата, и затоа се претпоставува дека тој (се уште) не е имунизиран.

Австралиските новинари најмногу зборуваат за него откако се појави информацијата дека доказот за вакцинација ќе биде услов за учество на Австралија Опен, и додека директорот на турнирот Крег Тајли се уште се бори властите на Викторија да не воведат такви драстични мерки – Министерот најави дека тоа нема да помогне.

Запрашан за коментар за статусот на Ѓоковиќ, освојувачот на девет Гренд слем титули во Австралија, политичарот беше краток и јасен.

„Гренд слем титулите нема да ве заштитат. Единственото нешто што ќе ве заштити е да имате докази за првата и втората доза на вакцината“, објасни Даниел Ендрјус, додавајќи дека разговарал со австралискиот премиер и во однос на туристите.

„Ако дојдете како туристи или за бизнис – и не сте Австралијци кои биле вакцинирани – мислам дека шансите се многу мали да влезете во земјата“, заклучи тој.

Да потсетиме, Австралија имаше многу „тврд“ став и минатата година, и на крајот, тенисерите мораа да поминат две недели во карантин пред Гренд слемот, но им беше дозволено да излезат само на тренинзи. Некои од нив го поднесоа тоа многу тешко и едвај чекаа да заврши Австралија опен.

Првиот Гренд слем сезонава е на програмата од 17 до 30 јануари, а Ѓоковиќ треба да има нова шанса да ги прескокне Федерер и Надал во однос на бројот на Гренд слем титули.++

Слични содржини