Сити подготвува 50+ милиони за „отпадок“ на ПСЖ!

од Vladimir Zorba

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е заинтересиран за напаѓачот на РБ Лајпциг, Кристијан Нкунку.

24-годишниот напаѓач ја игра сезоната од соништата во дресот на „биковите“ од Лајпциг, па не чуди интересот на многу европски великани. Сепак, Манчестер Сити и соработката со Гвардиола би можеле да бидат иницијална каписла за преминување на Нкунку во редовите на актуелниот шампион на Англија,.

„Билд“ пишува дека Сити е подготвен да започне посериозни контакти со Лајпциг околу доаѓањето на Нкунку, кое се проценува на 50 до 80 милиони. Тоа е задоволителен опсег за Манчестер Сити, а самиот Лајпциг не би имал ништо против ако заработи толку за момчето кое летото 2019 година пристигна од Пари Сен Жермен за 13 милиони евра.

Сигурно е дека парижаните не се каат поради Нкунку, имаат силен напад и во неговиот пример сме сведоци на куповната моќ и конкуренцијата што ја има ПСЖ.

Нкунку е најдобар стрелец на Лајпциг оваа сезона со 19 гола на 21 настап.

Слични содржини