Сити во последен „јуриш“ на Кејн, Тотенхем најде замена

од Nikola Popovski

Преодниот рок во европскиот фудбал полека се привршува, а челниците на Манчестер Сити ќе дадат се од себе за да не биде лесно и досадно во последните денови.

Со месеци се случува некаква тивка војна помеѓу Хари Кејн и Тотенхем, која Сити сака да ја искористи. Кејн во повеќе наврати посочува дека е незадоволен од одлуката на Даниел Леви, првиот човек на „Петлите“, да го задржи во Лондон во ситуација кога тимот од Манчестер нуди речиси 135 милиони евра.

Но, тоа може да се промени во наредните денови, бидејќи медиумите од Англија најавуваат дека Сити ќе започне нова офанзива, а парите што треба да бидат доволно се блиску до првично бараните 175 милиони евра.

Во исто време, Тотенхем работи на доведување замена, па напаѓачот на Вулверхемптон, Адам Траоре, треба да пристигне во Лондон на местото на Кејн.

Слични содржини