Скај: Нема дисциплинска постапка против Пикфорд

од Nikola Popovski

Според Скај Спорт, голманот на Евертон, Џордан Пикфорд нема да биде казнет за остриот старт над играчот на Ливерпул, ВирЏил ван Дајк.

Ван Дајк се повреди во почетните минути на дербито во Мерсисајд по многу невнимателниот старт на Пикфорд и мораше да го напушти теренот.

Сепак, нема да има дисциплинска постапка против голманот на Евертон.

Според Скај, по консултациите со ВАР, било заклучено дека потегот на Пикфорд не заслужува црвен картон. Исто така, со употреба на видео асистент, претходно било утврдено дека Ливерпул не треба да добие пенал, бидејќи Ван Дајк бил во офсајд.

Посочено е дека Фудбалскиот сојуз последователно ќе ги разгледа само казните за инцидентите што судиите не ги изрекол за време на натпреварот и дека во овој случај нема да покрене дисциплинска постапка против Пикфорд.

За потсетување, Ван Дајк ќе мора да се оперира поради повреда на предниот вкрстен лигамент, проследен со неколкумесечно закрепнување.

Слични содржини