Скалони: Победиле или не, Меси е најдобар во историјата

од Nikola Popovski

Лионел Скалони, селекторот на Аргентина, смета дека Меси не треба никому да докажува ништо пред финалето на Копа Америка, во кое „гаучосите“ ќе играат против Бразил.

Во досегашната блескава кариера, Меси никогаш нема освоено ниту еден трофеј со националниот тим. Многумина веруваат дека тоа може да го чини во дебатата кој е најдобриот фудбалер на сите времиња. Ноќта помеѓу сабота и недела, тој ќе има шанса да го смени и тоа.

Сепак, селекторот Скалони вели дека Меси веќе многу пати ја потврдил класата.

„Победиле или не, Меси е најдобриот фудбалер во историјата на оваа игра. Не му е потребна титула за да го потврди тоа. Секако дека сакаме да ја освоиме Копа Америка, но тоа нема никаква врска со него. Блескаше толку многу пати, што дури и нашите противници признаваат дека тој е најдобриот играч што некогаш се занимавал со овој спорт “, изјави Скалони.

Натпреварот помеѓу Бразил и Аргентина на стадионот „Маракана“ во Рио де Жанеиро се игра ноќта помеѓу сабота и недела во два часот по полноќ.

Слични содржини