Скандал го тресе босанскиот фудбал: „Мојот играч мора да игра, платив капар“

од Nikola Popovski

Селекторот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, Ивајло Петев, деновиве е под силни критики од јавноста.

Не само поради слабата игра на „змејовите“, туку и поради обвинувањата дека им дозволил на менаџери да се занимаваат со склопување на тимот.

Прво се огласија поранешните членови на репрезентацијата на БиХ, Сергеј Барбарес и Асмир Беговиќ, кои селекторот и челниците на Федерацијата ги нарекоа криминалци.

Сега е објавена преписка во која еден менаџер експлицитно бара неговиот клиент да игра на барем еден натпревар во март, а Петев му одговорил.

„Мојот мора да биде повикан и тој мора да брани на пријателскиот натпревар против Костарика на 27 март! Така се согласив и дадов аванс“, стои во делот од преписката објавена од „Н1 БиХ“.

Се испоставило дека се работи за Никола Васиљ, голманот на германски Сент Паули и дека тој навистина стартувал на тој натпревар.

Потоа, во второто полувреме, тој бил заменет со Кенан Пириќ, член на грчкиот Атромитос.

Истиот извор наведува дека ова не е единствениот случај, но дека е доказ дека се изведуваат „матни работи“ во репрезентацијата на БиХ.

Слични содржини