Скандал на Евровизија: Шефот на жирито го повика обвинителството – лапнати се милиони евра

од Vladimir Zorba
128 прегледи

Без претерување овогодинешното издание на “Евровизија” може да се нарече една од најскандалозните за целата историја. Караници и дилеми околу натпреварот почнаа многу одамнау пред стартот во Киев, пишува весникот “Телеграф”. Првично домаќините имаа финансиски проблеми поврзани со подготовката на музичкиот настан.

Половина година пред почетокот на “Евровизија” не беше јасно дали Киев ќе биде организатор дури имаше предлог дека домаќинството може да премине во рацете на друга држава. Пари сепак беа пронајдени, но учесниците на конкурсот денес се сомневаат дека тие се отишле за друга намена.

Во петокот претседателот на украинското жири – поетот Јуриј Рибчинскиј, обвини за корупција при организацијата на натпреварот. Неговите зборови ги цитираше “Зеркало недели. Украина “:” Не можам да молчам! Со овој буџет, со кој беше направена “Евровизија”, можеа да се одржат три такви конкурса. Не знам штое гледа нашето обвинителство, но она што се гледа дури и на површината, е корупција “.
Во оваа врска со ова поетот го даде примерот со Стокхолм, каде што се одржа минатогодишното издание на “Евровизија”. Шведска тогаш потроши 9 милиони евра, а претходно во Естонија – 12 милиони евра. “За споредба, буџетот на украинското издание е 655,7 гривни (23,5 милиони евра). Околу 450 милиони гривни се земени од буџетот на Украина, а уште 200 се одвоени од буџетот на градот домаќин, посочува претседателот на жирито.

Овогодинешната “Евровизија” е во сенка на дипломатски конфликт меѓу Москва и Киев.

Со одлука на Канцеларијата за безбедност на Украина (СБУ) учесничката Јулија Самојлова, која беше натпреварувач од Русија и беше забрането да влегува на територијата на земјата за период од три години. Имено, таа настапувала на Крим, што Киев го забрани.

Слични содржини