Скандал на првата видео-конференција на НАТО: Турција ја напуштала седницата

од Nikola Popovski

Турција ја напушти првата виртуелна конференција на НАТО поради спорот со Грција околу мигрантите, пренесува порталот „Катимерини“.

За време на разговорите на министрите за надворешни работи на Алијансата, се случил скандал поради смртта на двајца мигранти во март на границата меѓу Грција и Турција. Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ја обвини Грција за настанот. Неговиот колега Никос Дендијас реагирал на тоа, обвинувајќи ја Анкара за поткопување на вредностите на НАТО.

После тоа, Чавушоглу ја напуштил конференцијата без да го чека говорот на генералниот секретар Јенс Столтенберг. Грчкиот министер смета дека на тој начин Турција се обидува да ја искористи ситуацијата на мигрантите во политички цели.

Претходно, грчките власти одлучиле да ги протераат мигрантите кои дојдоа на нејзината граница со Турција по 1-ви март.

Слични содржини