Скандал на СП: Домаќините ги затруле Словенците?

од Nikola Popovski

Голем скандал се случи на Светското првенство во ракомет – скоро половина од словенечкиот тим бил отруени од храна и не можел да игра на мечот што го реши учесникот во четвртфиналето против домаќинот Египет.

Натпреварот заврши нерешено 25:25, а Словенија го заврши натпреварувањето без пласман понатаму.

Осум ракометари од Словенија имале стомачен вирус, повраќале и имале дијареја, непосредно пред дуелот со Египет.

„Би сакал да кажам многу, но знам дека не можам и морам да молчам“, вели капитенот Јуре Доленец. Тој додал дека тимот направи се што можел.

„Нè уништија нашите глупости, но и туѓите луѓе. Половина од нашиот тим беше во тоалетот ден пред натпреварот и на денот на играта. Тројца не можеа да играат, некој постојано повраќаше. Тоа им се случи и на Хрватите. Сè е чудно за мене“, истакнал Доленец.

„Осум играчи имаа проблем, но мислам дека можевме да победиме. На крајот бевме елиминирани, иако загубивме само еден натпревар“, истакнал Љубомир Врањеш, селектор на Словенија.

За финишот на натпреварот коментирал и Блаж Јанц, ракометар од Словенија се осврнал на крајот од натпреварот, кога и се случила спорната одлука на судијата.

„Секој што следи ракомет виде што се случи“, истакнал Јанц.

Слични содржини