СКАНДАЛ НА СТАРТОТ НА МУНДИЈАЛОТ: Познат новинар тврди дека првиот меч е наместен?

од Vladimir Zorba

НЕВЕРОЈАТНА вест се појави пред почетокот на Светското првенство. Имено, постои голема тензија откако се појавија обвинувања дека е наместен првиот натпревар меѓу Катар и Еквадор.

Познатиот новинар Ахџад Таха, кој работи за британскиот „ИТВ“ и е регионален директор на „Британскиот центар за Блискиот Исток“, тврди дека домаќинот на најголемиот спортски форум подмитил осум јужноамерикански фудбалери за да го загубат натпреварот.

Наводно дале 7.400.000 долари за да загубат играчите на Еквадор со 1:0 со примен гол во второто полувреме!

За сето ова на конференцијата беше прашан селекторот на Катар, Феликс Санчез. Секако, шпанскиот стручњак остро демантираше се.

– Циркулираат многу дезинформации. Интернетот е брилијантна алатка, но може да биде и опасна. Со години се подготвуваме и тренираме. Обединети сме, силни сме, никој не може да не дестабилизира. Не сме засегнати од овие критики – изјави Санчез.

Да потсетиме, натпреварот Катар – Еквадор се игра денеска од 17 часот и со тој дуел ќе започне Светското првенство.

Слични содржини