Скандал: Нејмар му се дерел на Јапонец дека е „кинеско гом*о“

од Stefanija Kuzmanovska

Бразилецот Нејмар во среда ќе се најде пред Француската дисциплинска комисија во врска со инцидентот на мечот со Марсеј во Лига 1, кога доби црвен картон.

Многу работи се случија на тој 13 септември на „Паркот на принцовите“. Беа поделени дури пет црвени и 14 жолти картони.

Нејмар беше исклучен поради бројни конфликти, а сега на шпанското радио „Кадена Сере“ се појави снимка на која се гледаат низа навреди кои Бразилецот ги изговара кон Јапонецот Сакаи.

Во налет на бес, Нејмар во неколку наврати повторувал „Кинеско гом*о“, а камерите го снимија сето тоа.

Тој тешко ќе може да избегне суспензија по недопуштеното однесување за една суперarвезда, која треба да биде пример за другите со своето однесување.

Да биде целата ситуација уште полоша за Нејмар, по поразот од неговиот тим и црвениот картон, тој упорно повторувал дека Алваро го навредувал на расна основа и дека бил жртва.

Снимката го покажува сосема спротивното, а останува на комисијата да одлучи колкава казна го очекува Бразилецот поради „долгиот јазик“.

 

Слични содржини