Скандал пред Евросонг: Српската пејачка ја ископирала песната од детски цртан

Српската пејачка Ана Миленковиќ која ќе учествува на овогодишната Беовиција со песната „Тајна“ со која ќе се бори за настап на Евровизија. Околу тоа изби скандал кога обожавателите на Евросонгот започнаа да коментираат како песната содржи мелодија од цртаниот филм Икс-Мен, пишува српски Курир.

Фановите, поради тоа, жестоко ја напаѓаат пејачката упатувајќи негативни коментари на социјалните мрежи.

Ана, инаку, беше во составот на Beauty Queens, која настапуваше со пејачката Марија Шерифовиќ на Евровизија 2007 година, кога пејачката и победи.

Пред неколку дена, Беовизија, ја потресе уште еден скандал. Автономен женски центар реагираше поради песната „Svadba velika“ која ја изведуваат пејачот Бора Дугиќ и диџеј Балкубано. Во своето соопштение наведуваат дека песната повикува на насилство над жените. Радиотелевизија Србија веднаш реагирала. Текстот на песната ќе биде изменет, но песната ќе остане во натпреварувањето.

Слични содржини