СКАНДАЛ: Родителите на позната пејачка потрошиле пари собрани за ХУМАНИТАРНИ ЦЕЛИ

од Stefanija Kuzmanovska

Родителите на познатата пејачка Кети Пери, кои воедно се и проповедници, потрошиле огромна сума пари, собрани во хуманитарни цели, за луксузни летови и гостувања во престижни хотели.

Имено, нејзините родители се иницијатори на фондацијата „Кети Хадсон“, во чии рамки тие работат и патуваат низ Сан Диего и Хаваи каде што проповедаат, а мајката на Кети тврди дека на овие средби ги лекува луѓето кои се во публика.

Сепак, сега се појави документ кој е доказ дека оваа фондација заработила 185.679 илјади долари во 2019 година и дека биле потрошени 178.046 за приватни цели, што е 96 проценти од вкупната сума.

Според приложените фактури, парите биле потрошени на летови, хотелски соби, автомобили, како и изнајмување простор и конференциски сали, што на крајот довело до тоа фондацијата да има буџет од 7.633 илјади долари на крајот на годината.

Двојката води конференции кои се одржуваат на различни егзотични дестинации, почнувајќи од Хаваи и Малезија, а парите собрани од фондацијата одат за помош на жртвите на семејно насилство.

Нејзиниот татко Кит е многу ексцентричен, тврдејќи дека го канализира Светиот Дух и дека на тој начин лекува. Во некои претходни интервјуа, Кети зборуваше за строгото верско воспитување низ кое поминала покрај нејзините родители.

Сепак, семејството Хадсон не живеело секогаш вака и познато е дека тие имале проблеми со дрога во шеесеттите години, а мајката на Кети некое време била во врска со Џими Хендрикс.

Слични содржини