Скандал во Англија! Поранешни играчи на Сити и Јунајтед краделе такси

од Vladimir Zorba

Скандал избувна во Англија откако стана јасно дека четворицата играчи од Вест Бромвич украле такси. Ова се случило за време на камп во Шпанија пред неколку дена. Само неколку часа откако вестите ги предводеа таблоидите на островот, Џони Еванс, Герет Бери, Џек Ливермор и Боаз Мајхел ја признаа нивната вина.
 
„Ние би сакале да ја искористиме оваа можност и да се извиниме на нашите соиграчи, тренерот, клубот и особено на приврзаниците за настаните кои се предмет на широк и негативен публицитет“, соопштија четворицата во официјалниот сајт на клубот.

„Сметаме дека е важно да се идентификуваме како играчите кои учествувале во инцидентот, кој се случи за време на нашиот тренинг камп во Шпанија оваа недела. Го правиме тоа од почит кон останатите играчи кои би можеле да бидат вмешани во случајот“.
 
И покрај случувањата, тимскиот менаџер Алан Пердју пушти двајца од четворицата само неколку часа подоцна. Еванс, кој играше за Манчестер Јунајтед, како и Бари, поранешен играч на Манчестер Сити, почнаа како носители на средбата со Саутемптон за ФА Купот при поразот со 1: 2.

Слични содржини