СКАНДАЛ во Австрија: Курц праќал бакнежи до секретар, откриени експлицитни фотографии? (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Новата афера ја тресе австриската влада, предводена од канцеларот Себастијан Курц, откако медиумите добија пораки кои тој наводно ги разменил со поранешниот секретар на Министерството за финансии Томас Шмид, кои поттикнуваат бројни шпекулации за нивниот меѓусебен однос.

Покрај пораките со бакнежи кои наводно канцеларот му ги испратила на секретарот, во телефонот на Томас Шмид се пронајдени околу 2.500 експлицитни фотографии, пишува Blick.

Јавноста со денови шпекулираше за она што е напишано во пораките што беа откриени по истрагата против другите членови на Партијата на слободата на Австрија (ФПО) на Штрахе и Народната партија на Австрија (ОВП) на Себастијан Курц, по аферата со Ибица.

Одземен е мобилниот телефон на Шмид, во кој, според Sueddeutsche, наводно сè било избришано, но форензичарите сепак успеале да ги пронајдат пораките, вклучително и оние кои ги разменил со Себастијан Курц. Тие пораки, според медиумите, треба да бидат доказ за тоа како „секое назначување завршува на самиот врв на владата“.

Во преписката, наводно, се гледа како Курц му испраќа порака на Шмид: „Ќе добиеш се што ќе посакаш“, покрај која има три емотикони кои испраќаат бакнеж. Шмид одговорил: „Јас сум многу среќен. Го сакам својот канцелар“. Неколку недели по размената на овие пораки, се појави аферата Ибица.

Покрај пораките, како што пренесува Blick, во телефонот на Шмид се пронајдени околу 2.500 експлицитни фотографии на кои се гледа машки полов орган.

Обвинителството истражува од каде се фотографиите, но исто така истражува и како доказите од истрагата протекоа во јавноста.

Слични содржини