Скандал во БиХ: Mорале да го играат дербито со заразени играчи во тимот!

од Nikola Popovski

Фудбалскиот клуб Широки Бријег објави на официјалните страници на социјалните мрежи дека дури 18 нивни играчи биле заразени со коронавирус.

Тоа само по себе е проблем, а е уште поголем кога се знае дека претходниот викенд  го одиграле дерби натпреварот против Сараево, кој го загубија со 0:2.

Широки побарал од Фудбалскиот сојуз на БиХ итно да го одложи натпреварот бидејќи коронавирусот влегол во тимот, но нивното барање беше одбиено.

Во тимот имало само 13 играчи, а подоцна се покажа дека дури шестмина од нив биле позитивни на Ковид-19.

„Заедно со оние 12 играчи кои почувствуваа симптоми и кои беа навремено изолирани, денешното тестирање потврди дека уште еден член на стручниот штаб и дури шестмина играчи на клубот, кои играа на дербито од 11-то коло во Премиер лигата на БиХ против ФК Сараево на „Кожево“, се позитивниза коронавирус “, се наведува во соопштението на Широки.

„Се плашевме од ваков епилог и не станува збор само за НК Широки Бријег, туку за сите нас. Прашање е на здравјето и заштита на животот, како на нашите играчи, така и на ривалите, судиите и сите други кои учествуваат во организирање на натпревари”, соопштиле од клубот, по што додале:

„НК Широки во моментов има само шест играчи од сениорскиот тим на располагање за тренинзите и натпреварите што следат. Ние официјално ќе бараме следните натпревари да се одложат, во надеж дека властите конечно ќе „прогледаат“ – во интерес на фудбалот и здравјето на играчите. Мораме сериозно да му пристапиме на овој проблем и да видиме каде не води сето ова. Денес е Широки, а утре можеби некој друг …“, стои во клупското соопштение.

Слични содржини