Скандал во Германија: Штајнамер позира без маска и неопходно растојание

од Vladimir Zorba

Една фотографија од одмор во Јужен Тирол предизвика политички скандал во Германија, поради непочитување на мерките за корона.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер позираше без маска и неопходно растојание, со членови на народен оркестар.

Критичарите го обвинуваат Штајнмаер за примена на двојни стандарди во однос на прашањето за почитување на правилата на короната, затоа што тие не се однесуваат на него, додека тој ги повикува граѓаните да ги почитуваат.

На фотографијата е прикажан и претседателот на италијанската провинција Јужен Тирол, Арно Компачер.

Кабинетот на Штајнмаер рече дека претседателот обрнува внимание на правилата за далечина и хигиена дури и на одмор, но очигледно е дека тоа не може секогаш да се применува оптимално.

„Многу е важно секој ден да сме свесни дека мора да бидеме внимателни“, се додава во соопштението од кабинетот.

Слични содржини