Скандал во Хрватска: Петмина војници имале позитивен тест на дрога

од Nikola Popovski

Четири специјалци и припадници на командата на Специјалните сили на хрватската армија биле позитивни на дрога, јавува денес Нова ТВ.

Според неофицијални информации, станува збор за кокаин, објави порталот Индекс.хр. Војниците биле тестирани без претходна најава.

Во втората тест акција, позитивен бил уште еден припадник на воената полиција, кој работел на обезбедување на повеќето настани, заедно со воениот и државниот врв.

Случаите засега не се поврзани, а против сите ќе биде покрената дисциплинска постапка, потврдиле за „Нова ТВ“ од Министерството за одбрана.

Дали дрогата ја внеле во касарната и консумирале во службените простории или надвор од нив, колку долго, но и во кои количини, сè уште никој официјално не открива.

Засега нема потврда дали имале помагачи или дали некој од нив шверцувал дрога во воените кругови.

Слични содржини