Скандал во Канада: Сопругата, мајката и братот на Трудо земале големи владини големи суми пари

од Vladimir Zorba

Политичките ривали на премиерот на Канада, Џастин Трудо, бараат покренување кривична истрага, откако се покажа дека на членовите на неговото семејство им биле исплатени стотици илјади долари од добротворна организација со која неговата влада неодамна потпиша договор.

Мултинационалната организација „ВЕ Черити“ во четвртокот потврди дека сопругата, мајката и братот на Трудо со години добивале пари за да се појавуваат на добротворни настани. Само Маргарет Трудо, мајка на премиерот и сопруга на поранешниот премиер Пјер Трудо, од 2016 година има платено скоро 250.000 долари.

– Тоа откритие е доволно за полицијата да го испита тој случај и можното кршење на канадскиот закон за судир на интереси – рече конзервативниот член на парламентот, Мајкл Барет.

Во изјавата од кабинетот на премиерот се вели: „Роднините на премиерот соработуваат со разни организации и самите поддржуваат разни цели“.

Прашањето за врската на семејството Трудо со добротворната организација беше покренато откако владата минатиот месец додели договор од 900 милиони американски долари на програмата за вработување на студенти. Според условите на договорот, скоро 20 милиони долари отидоа директно во рацете на добротворната организација.

Ив Франсоа Бланшет, лидерот на малата партија Блок Квебек и законодавен сојузник на малцинската влада на Трудо, го повика премиерот да се „повлече“ сè додека комесарот за етика не ја заврши истрагата, пренесува „Гардијан“.

– Премиерот треба привремено да го предаде владеењето на власта на вицепремиерот, кому би му понудиле да соработуваме – рече Бланшет.

Конзервативците не доставиле слично барање.

Трудо рече дека не гледа на доделувањето на договорот како судир на интереси, и покрај врските на неговото семејство со добротворни цели.

Веста дека братот, мајката и сопругата на Трудо со години примаат плаќања од „ВЕ Черити“ се контрадикторни со претходните изјави на Кабинетот на Премиерот и добротворната организација.

„ВЕ Черити првично тврдеше дека Маргарет Трудо не е платена за нејзините настапи на добротворни настани. Кабинетот на премиерот објави дека сопругата на премиерот Софи Грегоар Трудо никогаш не добила исплата од добротворната организација“.

Истрагата на комесарот за етика ќе биде трет пат премиерот на Канада да се соочи со прашањата за неговите постапки.

Во август 2019 година, државниот комесар за етика утврди дека Трудо ги прекршил етичките закони кога го повикал својот државен обвинител да не гони инженерска компанија во случај на судир на интереси.

И во 2017 година, претходниот комесар откри дека Трудо го прекршил законот за судир на интереси една година порано, кога тој двапати замина на семеен одмор со покриени трошоци, вклучително и возење со хеликоптер, до приватна сопственост на Бахамите во сопственост на тајкунот Аџ Хан.

Слични содржини