Гувернерот на американската држава Тексас, Грег Абот, изјави дека има извештаи за сексуално злоставување, неухранетост и епидемија на коронавирусот во федерална институција каде се сместени децата мигранти.
– Жалбите испратени до државните агенции содржат четири обвинувања: деца во институција во објект во Сан Антонио биле сексуално злоставувани. Второ, нема доволно персонал за безбедно надгледување на децата. Трето, некои деца не јадат во текот на денот. И четврто, децата кои имаат Ковид не можат физички да се одделат од оние кои не се заразени – рече Абот на прес-конференција.
Абот, член на Републиканската партија, им наредил на ренџерите во Тексас, како и на Одделот за јавна безбедност, веднаш да спроведат истрага и да ги испитаат овие обвинувања.
Според светските медиуми, во објектот „Freeman Expo Center“ во Сан Антонио во моментов се сместени околу 1.300 деца мигранти.
https://www.youtube.com/watch?v=p_DRc1hXNzk&feature=emb_title