Скандал: Втората тенисерка во светот се повлече од Ролан Гарос!

од Nikola Popovski

Јапонската тенисерка Наоми Осака се повлече од Грен слемот на Ролан Гарос. Втората играчка во светот се реши на овој чекор откако беше казнета со 15.000 долари, бидејќи одби да присуствува на прес-конференции.

Да потсетиме, пред да дојде во Париз, Наоми Осака рече дека нема да присуствува на прес-конференции и дека нема лош однос со медиумите, но дека тоа е нејзина одлука.

Осака се појави на Ролан Гарос, го одигра натпреварот од првото коло во неделата, кој го доби, но не отиде на конференцијата. Од организаторите следуваше казна од „тешки“ 15.000 долари, што Осака го прифати и рече дека се надева дека парите од казните ќе завршат во хуманитарни цели.

Сепак, еден ден подоцна, јапонската тенисерка објави дека се повлекува од турнирот во Париз.

„Најдоброто нешто за турнирот, другите играчи и јас е да се повлечам, за да можат сите да се вратат фокусирани на тенисот во Париз“, гласи воведниот дел од изјавата на Наоми Осака, објавена на социјалните мрежи.

Осака започна вербална војна со медиумите и грен слем турнирите, кога пред самиот почеток изјави дека одбива да се појави на прес-конференции.

Работите станаа многу посериозни неколку часа подоцна, кога турнирот издаде изјава потпишана од Вимблдон, УС Опен и Австралија Опен.

„И објаснивме на Наоми дека ќе биде предмет на нови санкции за кршење на Кодексот на однесување доколку продолжи да ги игнорира своите медиумски должности. „ако што можеше да се очекува, повторувањето на ваквите прекршувања може да укаже на построги казни, како што се дисквалификација од турнирот, строги финансиски казни и суспензии од Грен слемите“, се вели во соопштението.

Осака требаше да игра против Ана Богдан, во второто коло на Отвореното првенство на Франција, а повтореното одбивање да се појави пред печатот повторно ќе ја „олесни“ за уште 15.000 долари.

Слични содржини