Скандалозно: Барселона го остави својот плејмејкер во Истанбул затоа што преговарал со Реал Мадрид?

од Nikola Popovski

Кошаркарите на Барселона беа поразени од Анадолу Ефес 86:79 во мечот од 16-то коло во Евролигата, но не ги загубија единствено бодовите.

Според новинарот на „Еурохупс“, Никос Варлас, Барселона не му дозволила на плејмејкерот Томас Ертел да се качи во авионот и заедно со тимот да се врати во Каталонија.

Причина? Ертел треба да го засили Реал Мадрид!

Претходните денови Ертел беше споменуван како дел од големата „трампа“ меѓу Фенербахче и Барселона, но кратко потоа се појави информација дека Французинот е всушност желба на Реал Мадрид, по што Каталонците го казнија, па Ертел ќе мора да се врати од Турција на друг начин.

Тој патувал во Турција со тимот, но не бил во составот против Ефес, па сигурно е дека е прашање на денови кога ќе заврши соработката.

Ертел е во Барселона од 2017 година, а претходно играше и за Анадолу Ефес, Басконија, По Ортез…

Слични содржини