Актуелно
Почетна / Актуелно / СКАНДАЛОЗНО ОДНЕСУВАЊЕ: Полицајка од Куманово возела на автопат со нозете качени на прозор (ВИДЕО)

СКАНДАЛОЗНО ОДНЕСУВАЊЕ: Полицајка од Куманово возела на автопат со нозете качени на прозор (ВИДЕО)

Скандалозно однесување на полицајка од Куманово која возела автомобил со нозе преку прозор, качени на управувач и се снимала, а видеото потоа се раширило со споделувања и по социјалните мрежи објави ТВ Телма.

„Oд снимките се гледа дека видеото е снимано на автопат, а празните коловозни ленти ја отвараат и дилемата дали тоа можеби се случувало и за време на полициски час? Видеото кое беше доставено до Телма по социјалните мрежи почнало да се споделува на 11 и 12 мај“, јави Телма. 

МВР потврдило дека станува збор за Д.Ј. која добила укажување за недолично однесување.

„Бидејќи станува збор за полициски службеник од страна на СВР- ПС-ОН Куманово ќе биде известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за превземање на понатамошни мерки“, вели МВР.

 

Полицајка од Куманово луфтира нозе на автопат

Полицајка од Куманово луфтира нозе на автопат

Публикувахте от Seir в Вторник, 12 май 2020 г.

loading...