Скандинавските земји против Светско првенство на секои две години

од Vladimir Zorba

Шест скандинавски членови на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) – Шведска, Норвешка, Финска, Данска, Исланд и Фарските Острови, објавија заедничка изјава во која ги наведоа своите причини за спротивставување на идеите на Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА) да се игра Светско првенство на секои две години.

Шесте северноевропски федерации, меѓу другото, наведуваат дека зголемувањето на бројот на светските првенства ќе има негативно влијание врз постоечките натпреварувања, така што Европското првенство ќе стане вишок, а фудбалските натпревари ќе ја изгубат својата важност.

Исто така, предлогот на ФИФА целосно ќе го оневозможи сегашниот модел на играње завршни турнири и натпревари на репрезентации. Покрај тоа, тие веруваат дека развојот на фудбалот во другите региони не треба да влијае на успешниот европски модел.

Досега, предлогот на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, Светското првенство да се одржува на секои две години, наидува на поддршка во Африка и Азија.

Слични содржини