Скапоцени украси: Еве зошто оваа новогодишна елка е најскапа во светот (ФОТО)

од Elena Daskalova

Неодамна јавно беше презентирана најскапата новогодишна елка во светот, чија вредност се проценува на речиси 14 милиони евра, односно поточно, 13,95 милиони.

Се наоѓа во хотелот Кемпински во Марбеља, во Шпанија и го означува почетокот на празничната сезона. Нејзината вредност е толку висока поради скапите украси кои се наоѓаат на елката.

Нив ги креирала дизајнерката и стручњак за дијаманти Деби Вингем, а најголемиот дел од лампионите се украсени со злато и скапоцености. Деби самата изработила 500 украси, а ѝ се придружиле уште неколку уметници кои го дале својот придонес, за оваа елка да биде најубава во светот.

На неа може да се најдат лампиони кои се дело на модните куќи Луи Витон, Булгари, Картие, Шанел, но и класични новогодишни декорации.

Деби стана позната во светот откако пред две години ги изработи најскапите чевли во светот, чија цена беше повисока од 15 милиони долари.

Слични содржини