Скептицизмот за вакцините е стар колку и вакцинацијата

од Vladimir Zorba

И францускиот хемичар и биолог Луј Пастер некогаш беше нарекуван „научник-волшебник“, а скептицизмот за вакцината е стар колку и самата вакцинација, пишува францускиот историчар Лоран-Анри Вињо во својата книга „Antivax“, дело кое следи два века анти-ваксерско движење.

„Такви движења отсекогаш постоеле“, рече Вињо, историчар на Универзитетот во Бургунди, порано познат како Универзитетот во Дижон, во интервју за АФП.

Тој се сеќава дека во 1796 година англискиот лекар Едвард Џенер, кој се смета за татко на имунизацијата, предизвикал контроверзии во руралната Англија со своите постапки.

Имено, тој открил дека имунитет кон големи сипаници се создава и со вакцинирање на лице со вирус на сипаници од лезии. Во 1796 година, Џенер ја вовел вакцината или инокулум на кравји сипаници во телото на момчето Џејмс Фипс. Тој инокулираната течност ја нарекол вакцина, а постапката вакцинација, од латинскиот збор „vacca“ што значи крава (вакцина / вакцинација). Од латинскиот збор „inoculatio“ доаѓа зборот вакцинација.

Вакцинацијата од овој тип наскоро беше спроведена низ целиот свет. Во 19 век, вирусот кравји сипаници бил заменет со вирусот вакцинија (Virus vacciniae).

Вакцинија е вирус од исто семејство како вирусот на вариола и кравји сипаници, но сепак е генетски различен од нив.

Така, вакцинацијата на момчето беше успешна, но „колегите лекари тогаш го уверувале – преносот на крвта на кравата ќе не претвори во крави“, вели историчарот.

Во тоа време се расправаше за вакцината „исклучиво во медицинските кругови“, пред воведувањето на задолжителна вакцинација против големи сипаници во 1853 година според англискиот закон за деца од семејства кои примаат социјална помош. Ако родителите одбиле да го вакцинираат детето / децата, им било ускратено правото на социјална помош.

Првите антиваксери протестираа во Лестер во 1885 година.

Беа организирани протести против „таквата уцена“, од кои најголемиот се одржа во 1885 година во Лестер и собра дури 100.000 луѓе.

Тој прв протест „против вакцинација“ во историјата одекна. Во 1906 година, беше воведен нов закон со кој се проширува обврската за вакцинација, но дозволува од неа да се изземат сите кои ќе потпишат калузула за повик на совест – се уште е во сила денес во Обединетото Кралство.

Оттогаш се одржаа протести во неколку европски земји и во Америка, иако ретко во Франција, бидејќи ретко се спроведува законот од 1902 година за обврска за вакцинација.

„Контролата им е доверена на градските управи, кои не се склони кон идејата да се изречат казни за граѓаните кои не сакаат да се вакцинираат. Кога станува збор за обврската за вакцинација во училиштата, наставниците не се гледаат себеси како еден вид полицаец “, вели историчарот.

Но, колегите лекари на Пастер жестоко се спротивставија кога научникот разви вакцина против беснило во 1885 година.

„Неговото достигнување беше крајно лошо прифатено. Го прогласија за волшебник “, вели Вињо.

Но, Пастер „е упорен и истакнува дека и други вакцини можат да се развијат на сличен начин“, вклучително и онаа против тифус, која е предизвикана од нечистотија и нехигиенски услови. Вакцината против тифус беше широко користена за време на Првата светска војна, и покрај „маргиналното противење“.

И тогаш во 1950 -тите и 1960 -тите, професијата ја препозна вакцината, особено кога научните истражувања ги покажаа придобивките од вакцинацијата против, на пример, детска парализа.

Работата на Луи Пастер на микроорганизми спаси животи на милиони луѓе ширум светот. Тој разви метод за намалување на ефектот на бактериите врз храната и пијалоците со загревање и ладење супстанции, сега познати како пастеризација, и разви вакцини против болести како што се антракс, колера и беснило.

Француска специфичност

„Разликите во мислењата дојдоа до израз во 1960 -тите“ со зголемувањето на тужбите во Соединетите држави поради несаканите ефекти од вакцината.

Во 1986 година, беше составена листа на несакани ефекти за кои жртвите можеа да добијат надомест. За прв пат, науката јавно призна дека вакцините можат да им наштетат на неколкумина, со што „сомнежот е легитимен“, вели францускиот историчар.

Истото сомневање почна да се шири во Франција кон крајот на 1990 -тите години кога беше иницирана систематска вакцинација на адолесцентите против хепатитис Б.

Скептицизмот дополнително се зголеми кога во 1998 година во Обединетото Кралство, научникот Ендрју Вејкфилд објави лажна студија, која подоцна беше демантирана, поврзувајќи ја вакцината против морбили со развојот на аутизам. Вињо потсетува дека „за само неколку месеци, бројот на вакцинирани деца падна на нула“.

Затоа, вели францускиот историчар, дури и ако бројот на вистински антиваксери не расте, општеството е се поскептично кога станува збор за вакцинација.

„Тие мислат:„ Ха, вакцина“, не знам дали функционира или дали навистина ми треба“, вели Вињо. „Во исто време, има се повеќе вакцини против болести кои често се сметаат за бенигни како заушки или сипаници и неупатените, всушност ,се заштитуваат од оваа „ескалација“ на вакцината.

Во Франција во 2009 година, „лажната пандемија“ на грип А (Х1Н1) додаде политичка димензија на се. По предупредувањето на СЗО за претстојниот опасен бран грип, кој на крајот ќе се покаже како прекумерен, владата нарачува големи количини вакцини. Но, епидемијата е отсутна. Соочени со „мерка на претпазливост прогласена залудно“, многу Французи сметаат дека тоа е „договор меѓу властите и фармацевтското лоби како дел од движењето против големата фармацевтска теорија на заговор“.

Вињо заклучува дека скептицизмот против вакцината оттогаш прераснал во „недоверба“ кон државата.

Слични содржини