Скијачките центри ќе работат по посебни протоколи

од Берта Китинска

Владата на денешната 25-та седница го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести дека скијачките центри може да работат согласно соодветен протокол со пропишани превентивни мерки во услови на пандемија од КОВИД-19.

При тоа е земено в предвид дека скијачките центри не располагаат со затворени гондоли на жичарите.

„Владата ги прифати и препораките на Комисијата во однос на Протоколот за безбедносни мерки КОВИД-19 за Ски Центри во Република Северна Македонија за измени во однос на обезбедување на редарска служба пред билетарите и ски лифтовите, задолжително обезбедување на физичко растојание од 1,5 – 2 метри и пред билетарите (како пред жичарите и ски лифтовите)“, додаваат од Владата.

При тоа ќе има ограничување на работа на угостителските објекти на терените само на отворен простор и шалтерска продажба со прибор за еднократна употреба.

Слични содржини