Скопјанец фатен на дело додека ограбувал жена во автобус

од Nikola Popovski

Скопјанец фатен при кражба на паричник во автобус на ЈСП, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Од МВР истакнуваат дека пред два дена околу 14.05 часот, на автобуска постојка на бул. „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР – Одделение за криминалистички работи Центар – Бит Пазар го лишиле од слобода скопјанецот И.С.(56).

Тој бил фатен при извршување кражба, при што од М. М. (38) од Скопје при качување во автобус одзел паричник со лични документи и пари. Одземеното било вратено на сопственичката, а лицето било задржано во полициска станица.

По насоки од јавен обвинител против него е поднесена кривична пријава по брза постапка, додека од судија на претходна постапка му е определена мерка притвор.

Од полицијата информираат дека бил спроведен во КПУ Затвор Скопје за издржување на мерката притвор.

Слични содржини