Скопјанец пронајден починат пред банка

од Nikola Popovski

Повозрасен граѓанин бил пронајден починат пред банка во скопски Аеродром, информираат од полицијата.

Според информациите, настанот бил пријавен неколку минути пред 12 часот.

-На 02.03.2023 во 11.51 часот А.Т. пријавил дека на бул.Јане Сандански, на тротоарот има починато машко лице. Полициски службеници излегле на местото на настанот и утврдиле дека се работи за починато лице Ф. Х. (66), информираат од МВР.

По наредба на јавен обвинител телото е предадено на фамилијата за погреб.

Пред два дена беше пријавен сличен трагичен настан, откако лице починало точно под Железничката станица во Скопје.

Слични содржини