Актуелно
Почетна / Хроника / Скопјанец криел марихуана во куќата на неговиот дедо во Чаир

Скопјанец криел марихуана во куќата на неговиот дедо во Чаир

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 25-годишен скопјанец за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, на 16 јануари, во куќата на неговиот дедо во Чаир, неовластено заради продажба држел 105,55 грама наркотична дрога марихуана, спакувана во 23 зипер-ќесички. При претресот била пронајдена и дигитална вага со остатоци од марихуана, информираат од Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител достави предлог за продолжување на мерката куќен притвор за обвинетото лице, која претходно беше определена од Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје.

loading...