Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, во својот дом на улица „Методија Андонов – Ченто“ во Скопје, неовластено држел оружје и муниција: еден пиштол марка „FEG” со калибар 9 мм Para со рамка со 13 куршуми од тој калибар, еден пиштол KEL-TEC CNC INC со калибар 380 Auto со рамка со 5 куршуми, 17 куршуми со калибар 7.5 mmR, 3 куршуми со калибар 7,62 Х 25 мм, како и 105 куршуми со калибар 9 мм Para. Оружјето и муницијата беа пронајдени и одземени при претрес на домот на осомничениот на 29 јули.

Надлежниот јавен обвинител до Судот достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот 22-годишник, бидејќи тој би можел да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело.​

Слични содржини