Скопјанец обвинет за убиство на невенчаната сопруга

од Берта Китинска

„На 03.08.2019 година, во куќа на улицата „Гарибалди“, настанала вербална расправија меѓу двајцата, при што обвинетиот со остар предмет и нанел на оштетената две убодни рани во пределот на вратот, а со тап предмет ја удирал по главата, нанесувајќи и повеќе тешки телесни повреди – скршеници и подливи. Како последица на нанесените повреди, оштетената починала“, велат од Обвинителството кое поднесе обвинение против едно лице кое се товари за убиство.

До Основниот кривичен суд Скопје јавниот обвинител поднесе предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, поради опасност од бегство и можност да влијае врз сведоците, а особено имајќи ја предвид висината на запретената санкција за кривичното дело кое му се става на товар.​

Слични содржини