Скопјанец приведен за учество во странска војна

од Берта Китинска

Полициски службеници од СВР Скопје во координација со други служби на МВР, вчера во 21.10 часот врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода и привеле И.Т.(24) од Скопје, информира МВР.

На скопјанецот му е определен притвор од 30 дена, за кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“. Лицето било спроведено во казнено-поправна установа.

Слични содржини