Скопјанец со автомобил удрил во малолетно девојче и побегнал

од Берта Китинска

Вчера во 18.10 чaсот на ул.„Лазар Трповски“ во Скопје, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.Ф.(28) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје, по што со возилото го напуштил местото на незгодата.

Малолетничката била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде од лекар ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.

Слични содржини