Скопјанец започнал градба на државно земјиште без дозвола

од Берта Китинска

Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Х.А.(56) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности” по чл.225 ст.2 и „бесправно градење” по чл.244-а ст.1 од Кривичниот законик.

На 17.01.2022 на место викано „Копаница“ – катастарска општина Копаница, претставници на Градежен инспекторат извршиле инспекциски надзор на земјиште сопственост на Република Македонија и на местото го затекнале пријавениот како врши градежни активности со тврд материјал без да поседува Одобрение за градење издадено од општина Сарај.

Со ваквите дејствија тој ги сторил делата кои му се ставаат на товар.

Слични содржини