Скопјанецот Јехона ќе добие 100 евра, тој ја има најдобрата фотографија на тема #скопједома

од Берта Китинска

Оваа фотографија на Јехона Спахиу е победник на вчерашниот ден, на конкурсот на Град Скопје за избор на автентични фотографии, видеа или гифови од домовите на граѓаните кои го поминуваат времето во изолација сами, со нивните семејства или со милениците.

Фотографијата на Спахиу е избрана во конкуренција од повеќе од 100 фотографии. Градот Скопје и честита за изборот и ја повикува да ни испрати порака со нејзините генералии.

Градот Скопје ги поканува граѓаните да продолжат да ни испраќаат фотографии/видеа/гифови како го поминуваат денот дома. Својата фотографија, видео или гиф граѓаните едноставно треба да ја постават на фејсбук страницата СкопјеДома, користејќи ги хаштаговите #СкопјеДома и #ShkupiNëShtëpi. Тоа е доволно за учество во овој креативен конкурс. Победниците ќе се објавуваат секој ден, на истата фејсбук страница.

Слични содржини