Скопјани ќе имаат парно без разлика дали работи ТЕ-ТО, порача Бектеши

од Nikola Popovski

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска информира дека и доколку од 15-ти октомври, когенеративната електрана ТЕ-ТО не да работи, топлинска енергија ќе има за скопјани.

-Ако не работи ТЕ-ТО во делот на производство на електрична енергија, топланите Исток и Запад со набавката на гас ќе ја покријат целата потрошувачка во делот на топлинска енергија која ја имаме во градот Скопје. Целосно ќе биде покриена од Исток и Запад. Ако работи ТЕ-ТО, Исток и Запад ќе работат со помал интензитет, за да не направиме заблуда кај граѓаните дека ако не работи ТЕ-ТО на 15-ти октомври нема да има топлинска енергија, порача Бектеши.

Тој истакна дека граѓаните треба да бидат спокојни и дека радијаторите ќе бидат топли и во ноември.

 

Слични содржини