Скопјани ќе може да вадат лични карти и пасоши од 7.30 до 20 часот

од Aleksandar Petrovski

Граѓаните кои живеат на територијата на Град Скопје, согласно констатираната состојба на зголемено аплицирање за лични документи, имајќи го во предвид фактот дека следува и период на годишни одмори, воведува ново работно време во седиштето на Одделението за управни работи во Скопје  како и во неколку дисперзирани канцеларии на ниво на Град Скопје со цел да им  овозможи на граѓаните навремен и  ефикасен пристап  до правото да поднесат барање за издавање на лични документи, соопшти МВР.

– За таа цел започнувајќи од  утре, 28.05,  секој работен ден од понеделник до петок , работното време во седиштето на  Одделението за управни работи Скопје  во МТВ  како и дисперзираните канцеларии во ,,Беко,, и ,,Ѓорче Петров,, ќе биде со почеток од 7.30 часот до 20 часот, додека во дисперзираните канцеларии за управни работи  во ,,Бутел,, и  ,,Драчево,, работното време од понеделник до петок ќе биде од 10 до 18 часот.

Слични содржини