Скопјани ќе треба од утре да потпишат нови договори за парно греење со ЕСМ Снабдување

од Stefanija Kuzmanovska

Корисниците на централното парно греење во Скопје од утре ќе треба да потпишат нови договори со ЕСМ Снабдување, која е компанијата што го презема снабдувањето со топлинска енергија од БЕГ. Од понеделник потрошувачите ќе бидат известени за потребата од нивно префрлување од претходниот на сегашниот снабдувач со топлинска енергија, за што сопствениците на објекти ќе треба да се обратат до пунктовите, пренесе „Мета.мк“.

Од АД ЕСМ денеска информираа дека обемот на произведената топлинска енергија е во согласност со надворешната температура и мрежните правила, додавајќи дека во вечерните часови во овој период кога дневните температури се високи, согласно мрежните правила за снабдување не се испорачува топлинска енергија.

Инаку, од државната компанија денеска информираа дека нема дефекти во производните постројки и дистрибутивната мрежа за топлинска енергија во Градот Скопје, а во моментов се интервенира на повик од граѓани за дефекти во становите или станарските потстаници.

Слични содржини