Скопјани се преселија во Охрид: Гужви насекаде, полни кафулиња и редици пред маркетите

од Aleksandar Petrovski

Охрид е полн со гости од сите градови ширум државата, кои доцна синоќа со колони возила до пред стартот на полицискиот час пристигаа во градот. Денеска е гужва во градот може да се видат голем број луѓе покрај чаршијата, кејот и плажите долж Охридското езеро.

Викенд становите се целосно исполнети, а дел од охриѓани уште вчера реагираа на ваквата одлука бидејќи сметаат дека на овој начин може да дојде до ширење на заразата, пак останатиот дел на социјалните мрежи ги нудеа своите апартмани, соби…

Слични содржини