Скопјанка извршила тешка кражба во куќа

од Nikola Popovski

МВР соопшти дека поднесена е кривична пријава против 25-годишна скопјанка со иницијали М.Ѓ. поради тешка кражба.

„Пријавената, на 01.02.2021 заедно со уште едно лице, со употреба на сила влегле во куќа на улицата Каирска, сопственост на С.С., при што одзеле пари, техничка стока и златен накит и на тој начин се стекнале со противправна имотна корист од 150.000 денари“, соопшти МВР.

Слични содржини