Скопјанка пријавила во кумановската полиција за обљуба врз ќерката на нејзиниот вонбрачен сопруг

од Vladimir Zorba

Скопјанка пријавила во кумановската полиција дека 20 годишник извршил обљуба врз ќерка на нејзиниoт вонбрачен сопруг, информираа денеска од СВР Куманово.

Според соопштението, вчера во 20:20 часот во СВР Куманово, 39-годишна жена од Скопје пријавила дека на 11-ти јули годинава, М.И.(20) извршил обљуба врз ќерката на нејзиниот вонбрачен сопруг.

Од СВР Куманово информираат дека М.И. бил приведен во нивните простории. Се работи на целосно расчистување и документирање на настанот.

Слични содржини