Скопјанка се обидела да ја напушти државата со фалсификувани ковид-потврди за себе и за своите деца

од Nikola Popovski

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетата 38-годишна скопјанка на 3 август се обидела да оствари излез од државава на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, презентирајќи лажни потврди за негативни тестови на SARS-CoV-2 вирусот за себе и за своите три деца.

Иако знаела дека не се тестирале во наведената лабораторија, таа лажните медицински сертификати ги употребила како вистински, прикажувајќи ги пред аеродромските служби.​

Слични содржини