Скопјанка загина во судир на „корса“ и „пасат“ во Чаир

од Vladimir Zorba

На 10.10.2022 во 09.41 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Македонско- косовска бригада” во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобил „опел корса”, управувано од Н.А.(30) од Скопје и автомобил „фолксваген пасат” што го управувал З.З.(21) од Визбегово.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починала сопатничката во возилото „опел корса”, А.Е.(79) од Скопје.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.

Слични содржини