„Skopje City Mall“ денеска ги отвара вратите, се мијат и дезинфицираат улиците (ФОТО)

од Берта Китинска

Комуналните служби на Карпош утрово го мијеа и дезинфицираа потегот околу „Skopje City Mall“, во пресрет на отворањето на трговскиот центар.


„Скопје сити мол“ своите врати за потрошувачите ќе ги отвори денеска.


„Со цел да го спремаме трговскиот центар со најдобар ред како и продавниците да бидат спремни за отварање сакаме да ве известиме дека трговскиот центар ќе биде отворен на 15.05.2020 во 10:00 часот. Трговскиот центар ќе работи со ограничено/ скратено работно време (10:00-18:00) и ќе биде затворен во неделите.Се надеваме и посакуваме брзо да се вратиме на старите добри и успешни патеки заедно со вас“, велат од Скопје Сити Мол.

 

Слични содржини