Скопје домаќин на меѓународен машки тениски турнир со награден фонд од 25.000 долари!

од Vladimir Zorba

Летото во Скопје започнува во знакот на професионалниот тенис! Од 6 јуни до 12 јуни, на терените на тенискиот клуб „Југ” ќе се одржи Skopje Open 2022 – професионален M25 тениски турнир за мажи со награден фонд од 25.000 долари кој е од календарот на Интернационалната Тениска Федерација (ITF).

Квалификациите за турнирот ќе започнат на 5 јуни и во нив учество ќе земат 64 професионални тенисери од различни земји, главниот турнир започнува на 7 Јуни во кој ќе учествуваат 32 натпреварувачи.
На ITF М25 турнирот во Скопје ќе бидат натпреварувачи од Шпанија, Холандија, Бразил, Шведска, Израел, Германија и многу други земји од светот. Домашната гордост ќе ја бранат добро познати тениски имиња, како Горазд Србљак, Стефан Мицов, Калин Ивановски, Обрад Марковски.

M25 турнирот ќе биде најава за „тениското лето” кое му претстои на главниот град, каде во периодот јуни-јули ќе се одиграат три интернационални турнири. Веднаш по крајот на овој турнир, на 13 јуни започнува и машкиот M15 турнир со награден фонд од 15.000 долари, кој ќе трае до 19 јуни.

За месец јули е закажан и женскиот турнир „Billie Jean King Cup” за регион Европа и Африка, Група 3. На него ќе учествува и најдобрата македонска тенисерка на сите времиња, Лина Ѓорческа, која најави дека е оптимист пред почетокот на турнирот.

Слични содржини