Почетна / Спорт / Скопје домаќин на Светско фудбалско првенство на непризнаени земји

Скопје домаќин на Светско фудбалско првенство на непризнаени земји

Конфедерацијата на независните фудбалски асоциации (КОНИФА) денеска потврди дека Светското фудбалско првенство на непризнаени земји ќе се игра во Скопје.

КОНИФА објави дека нашиот главен град ќе биде домаќин на нивното фудбалско првенство, кое ќе се одржи од 30 мај до 7 јуни.

„Не можеме да дочекаме да ги пречекаме сите во прекрасната Македонија!“, стои во соопштението на КОНИФА, која ја сочинуваат територии кои не се признаени ниту од Обединетите нации ниту од ФИФА.

loading...