Скопје: Кај возач измерени рекордни 3,87 промили алкохол во крвта

од Nikola Popovski

СВР Скопје завчера запрела еден возач кога при контрола му биле измерени рекордни 3,87 промили алкохол во крвта.

Ова дефинитивно е македонски рекорд во измерени промили на алкохол во крвта бидејќи според досегашните сознанија, најголемото количество алкохол во крвта кај учесник во сообраќајот измерено со дрегер изнесувало 3,83 промили.

Возачите во земјава не смеат да возат возило со повеќе од 0,5 промили алкохол во крвта. 3,5 промили во крвта е веќе сериозен проблем и може да доведе до појава на кома. Оваа количина алкохол е еднаква по својата сила со јачината на една анестезија за време на операцијата.

Инаку, завчера на територијата на град Скопје изречени се вкупно 243 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 83 санкции, 19 за возење под дејство на алкохол, седум прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, 19 за возење без возачка дозвола.

Слични содржини